Connect with us

Милан го позајми Де Кетеларе во Аталанта

Милан и официјално го позајми Шарл де Кетеларе во Аталанта за 3 милиони евра. Клубот од Бергамо ќе може трајно да го купи офанзивниот играч за врска за 22 + 4 милиони евра.

Дополнително, „росонерите“ ќе добијат 10% од следниот трансфер на 22-годишниот играч. Де Кетеларе пристигна во миланскиот гигант минатото лето кога за него платија 35 милиони евра на Клуб Бриж.

Клубот имаше големи надежи за репрезентативецот на Белгија, но тој забележа разочарувачка дебитанска сезона без голови и само една асистенција на 40 натпревари, што го поттикна Милан да му побара нов тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови