Милан на гости го совлада Сасуоло со 1-2, а Рафаел Леао го постигна најбрзиот гол во Серија А. Напаѓачот на „росонерите“ стрелаше за само 6,2 секунди од почетокот на мечот, Алексис Салемекерс зголеми на 0-2 во 26.минута, а Сасуоло само намали во финишот преку Доменико Берарди.
Интер рутински ја совлада Специја со 2-1. Ашраф Хакими на почетокот на вториот дел го отвори резултатот, а Ромелу Лукаку од пенал беше стрелец на вториот гол. Специја во последните моменти постигна почесен гол преку Роберто Пиколи.
Џенова загуби на гости кај Беневенто со 2-0, а Горан Пандев се врати на теренот по повредата и влезе во игра во 58.минута. Роберто Инсиње и Марко Сау од пенал погодија за Беневенто.
Удинезе ремизираше (1-1) на гости против Калјари, а Илија Несторовски влезе во игра во 78.минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













