Милан потврди дека десниот бек Давиде Калабрија е новиот капитен на италијанскиот шампион. Тој ќе ги предводи „росонерите“ во новата сезона во Серија А и во Лигата на шампионите. Клубот објави видео на Инстаграм, во кое се истакнува капитенската лента.
„Изгледаш гордо, Давиде Калабрија“, објави Милан.
25-годишниот дефанзивец минатата сезона беше заменик капитен, веднаш зад Алесио Ромањоли, кој летово го напушти клубот како слободен играч и се приклучи на Лацио.
Калабрија, кој од тинејџерските денови е „росонер“, сега ќе биде прв избор за капитенската лента која ја носеа и легендарни дефанзивци како Франко Барези и Паоло Малдини.
Италијанскиот репрезентативец има 184 настапи со седум гола и 12 асистенции за првиот тим на Милан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













