Connect with us

Милан го купува голгетерот на Баер Леверкузен

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, ќе се пресели во Серија А ова лето, но нема да игра за Јувентус како што претходно најавуваа италијанските медиуми.


„Кориере дело Спорт“ тврди дека Нигериецот ќе потпише за Милан во трансфер вреден 50 милиони евра.

Бонифејс се споменуваше како потенцијална „деветка“ за Јувентус следната сезона доколку Влаховиќ го напушти клубот, но сега е очигледно дека Србинот ќе остане во Торино. Поради ова Бонифејс ќе се пресели на „Сан Сиро“.

Нигериецот постигна 17 гола и запиша девет асистенции на 26 натпревари оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови