
Милан го загуби трпението по повеќе од еден месец преговори со белгискиот шампион Клуб Бриж околу трансферот на најдобриот играч на тимот, Шарл Де Кетеларе, во редовите на освојувачот на „скудетото“.
Последната понуда од „росонерите“ изнесува 30 милиони евра и уште 2 милиони како бонус за офанзивниот 21-годишен фудбалер кој одамна ги договори личните услови со Милан и е подготвен да потпише петгодишен договор доколку клубовите конечно се договорат.
Проблемот е што Лидс испрати понуда од 37 милиони евра за Де Кетеларе, а играчот одби, сега Клуб Бриж упорно бара слична сума од Милан, која очигледно нема да ја добие.
Во Милан веќе размислуваат за алтернативно решение, а го нашле во капитенот на Сасуоло, Доменико Берарди, пренесуваат италијанските медиуми.
Проблемот е што Сасуоло е веќе без еден напаѓач, Џанлука Скамака следната сезона ќе игра за Вест Хем, а имаат понуди и за Џакомо Распадори, па тешко е да се очекува летово да продадат уште еден клучен играч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski