
Раководството на Милан веќе размислува за опции како да го задржи напаѓачот Жоао Феликс со постојан договор. Португалецот пристигна на „Сан Сиро” во последниот ден од трансферниот прозорец, потпишувајќи договор на позајмица до крајот на сезоната.
Во првите недели во Милано, Жоао Феликс одлично се вклопи во тимот на „росонерите”, како на теренот, така и надвор од него.
Во договорот меѓу Челси, чија сопственост е тој, и Милан нема клаузула за откуп, но од италијанскиот клуб се решени да направат сѐ што е можно за да го задржат напаѓачот.
Минатото лето Челси плати 52 милиони евра за Феликс, што значи дека „сините” тешко ќе се разделат со него за многу пониска сума. Според „Газета дело Спорт”, од Милан се подготвени да понудат 40 милиони евра за фудбалерот, но за тоа да се случи, ќе мора да се разделат со барем еден од своите играчи.
Од штабот на „росонерите” размислуваат за раскин на соработката со Тео Хернандез и со Рафаел Леао, за да обезбедат средства за купување на Жоао Феликс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski