Дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори, ќе отсуствува од терените речиси еден месец, соопшти клубот. Тој се повреди на натпреварот против Џенова во Купот на Италија, кој го добија „росонерите“ со 3-1 по продолженија.
Англичанецот има повреда на менискусот на левото колено и вчера беше подложен на артроскопија. Ова е лоша вест за тренерот на Милан, Стефано Пиоли, кој нема да може да користи еден од своите најстандардни играчи на дерби натпреварите против Јувентус (23 јануари) и против Интер (6 февруари).
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement