
Суперѕвездата на Аргентина, Лионел Меси, откри дека сè уште не знае кога точно ќе се повлече од националниот тим, но призна дека тој момент се ближи.
37-годишниот напаѓач одигра еден од најдобрите натпревари за „гаучосите“, постигнувајќи хет-трик и асистирајќи двапати во победата од 6-0 против Боливија во Буенос Аирес.
„Многу е пријатно да се игра за националниот тим. Ја чувствувам љубовта на аргентинските фанови. Се трогнувам кога го слушам моето име како го скандираат. Сакаме да играме дома, затоа што чувствуваме силна поврзаност со сите. Засега немам одредено точен датум или рок за повлекување. Едноставно, уживам во сето ова. Повеќе сум возбуден од кога било, затоа што добивам толку многу љубов, а и затоа што знам дека овие натпревари би можеле да бидат мои последни. Да бидам опкружен со помлади соиграчи ме тера повторно да се чувствувам како дете. Ми е комфорно и пак правам едноставни работи. Сè додека ги чувствувам овие работи, ќе можам да продолжам да го давам мојот придонес за националниот тим“, изјави Меси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski