
Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, би можел да ја продолжи својата кариера во Англија, пренесува „Тутоспорт“.
Според извори од Англија, Манчестер Сити покажува интерес за потписот на 37-годишниот Аргентинец, бидејќи тренерот Пеп Гвардиола, сака повторно да соработува со Меси во својот тим.
Се шпекулира дека Манчестер Сити би можел да го ангажира напаѓачот на заем до крајот на сезоната. Ко-сопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам, наводно не е против овој трансфер доколку Меси изрази интерес за истиот.
Гвардиола и Меси веќе имаа успешна соработка во Барселона од 2008 до 2012 година, период во кој клубот освои многу титули.
Минатата сезона, Меси одигра 22 натпревари во МЛС – лигата, постигнувајќи 21 гол и асистирајќи за 11 погодоци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal