Аргентинската ѕвезда дојде во Париз и потпиша двегодишен договор со Пари Сен Жермен. Предизвика вистинска еуфорија во француската престолнина, а неговиот деби настап се очекува веќе овој викенд.
Меси релативно брзо се договори со ПСЖ и го потпиша договорот, но во него има една многу важна клаузула. Станува збор за настапите во аргентинската репрезентација. На Меси секогаш му е приоритет настапот за репрезентацијата, а поради тоа ПСЖ ќе му овозможи да пропушти натпревари за клубот кога ќе се врати од репрезентативен настап.
Меси со Аргентина ова лето конечно го освои првиот трофеј. Со „гаучосите“ ја освои Копа Америка. За Аргентина досега има одиграно 151 натпревар и постигна 76 гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













