Аргентинската ѕвезда Лионел Меси треба да се врати во тимот на Пари Сен Жермен за дербито против Лион претстојниот викенд. Добитникот на „Златната топка“ остана во Аргентина подолго од планираното затоа што појави позитивен тест на Ковид-19, но брзо го надмина коронаворусот и вчера се врати во Париз.
Како што откриваат француските медиуми, тој е подготвен да се стави на располагање на тренерот Маурисио Покетино кој е растргнат од повреди и отсутни играчи.
Нејмар останува во Бразил, се опоравува од повредата на глуждот, а поради повреда отсуствува и Хуан Бернат. Ашраф Хакими, Идриса Геј и Абду Дијало се на Африканскиот куп на нации. Тимот има и многу играчи со позитивни на Ковид-19, Анхел Ди Марија, Џанлуиџи Донарума, Левин Курзава, Серхио Рико, Данило Переира и Џулијан Дракслер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













