Connect with us

Меси повторно стрелец, нов успех на Интер Мајами (ВИДЕО)

Интер Мајами ја победи Филаделфија Унион со 4-1 во полуфиналето на Лига купот и се пласираше во финалето на тоа натпреварување каде ќе игра против Нешвил кој го исфрли мексикански Монтереј.

Интер реши сѐ до 20. минута, кога водеше со 2-0 со головите на Мартинез и на Меси, до полувремето Жорди Алба зголеми на 3-0, а потоа Бедој погоди за Унион и Руиз ја потврди победата на Интер во 84. минута.

Прво име на натпреварот повторно беше Лионел Меси кој постигна фантастичен гол во 20. минута, веќе деветти во шестиот натпревар за новиот клуб. Меси ја прими топката на 40 метри до голот, се ослободи од еден играч и потоа со ретко виден удар од 25 метри го чекираше голманот за 2-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови