
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси минатата година ја освои рекордната осма Златна топка и не е на повидок фудбалер кој ќе може да го загрози неговиот неверојатен рекорд.
Иако е на залезот на кариерата, Лионел Меси сепак и понатаму го вбројуваат меѓу сериозните кандидати за наградата. Сега како играч на Интер Мајами не е забележителен толку како во претходната сезона, но сепак е најдобар играч на светот.
Меси сега има сериозна конкуренција за „Златната топка“, но обложувалниците повторно го рангираа поранешниот играч на Барселона и на ПСЖ меѓу петте главни кандидати.
Меси е на петтото место и има 10% шанси за деветтата титула најдобар фудбалер на светот. Пред Аргентинецот има познати имиња кои не изненадуваат. Пред него, со 17% шанси за наградата е Хари Кејн, напаѓачот на Англија и Баерн Минхен.
Тука е и Ерлинг Халанд, напаѓачот на Манчестер Сити, кој исто така повторно игра во животна форма, иако многумина се убедени дека тој и последниот пат требаше да ја освои наградата пред Меси, со оглед на тројната круна со Манчестер Сити.
На второ место според обложувалниците е француската ѕвезда од ПСЖ и идниот член на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, кому обложувалниците му даваат 22 отсто шанси, а на прво место е Џуд Белингам од Реал со 25 отсто шанси да стане најдобар светски фудбалер.
Во тековната сезона Англичанецот експлодираше во дресот на „кралскиот клуб“, 20-годишникот постигна 20 гола и девет асистенции на 31 натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
