„Златната топка“ на „Франс Фудбал“ и релативно новата награда за најдобар на ФИФА имаат поголемо реноме, но во 2020 година ИФФХС (Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика) одлучи повторно да ја активира својата награда, во која нема гласање, туку се доделува според статистички параметри.
Роберт Левандовски ја освои две години по ред, а сега му припадна на Лео Меси.
Тоа не е премногу големо изненадување бидејќи ја предводеше Аргентина до златото како најдобар играч на Светското првенство. Втор е Килијан Мбапе, трет Карим Бензема, а четвртото место му припадна на Лука Модриќ. На петтата позиција се најде Ерлинг Халанд.
Оваа награда првите две години ја добиваше легендарниот Марко ван Бастен, а потоа и Лотар Матеус, по што ИФФХС ја укина наградата на барање на ФИФА. Сега повторно е возобновена.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













