Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, објави изјава во врска со настаните поради кои клубот го суспендираше.
Меси замина во Саудиска Арабија со семејството ден по натпреварот со Лориен, кој Пари Сен Жермен го загуби на „Паркот на принцовите“. Се испостави дека тоа го направил без дозвола од клубот, поради што е санкциониран и суспендиран до крајот на сезоната.
Аргентинскиот фудбалер реши да не го продолжи договорот со парижаните и ќе ги напушти „светците“ како слободен играч.
„Мислев дека ќе имаме слободен ден по натпреварот како и обично. Имав организирано патување и не можев да го одложам. Веќе го одложив претходно… Им се извинувам на моите соиграчи и чекам да видам што ќе прави клубот со мене“, рече Меси во видео-обраќање преку социјалните мрежи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













