Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, e избран за играч на месецот во американската МЛС лига, соопшти асоцијацијата која го организира фудбалскиот шампионат на САД и Канада.
Меси се врати во октомври по долго лекување на повреда, а 37-годишниот Аргентинец настапи во последните три натпревари од регуларната сезона на МЛС лигата. Во нив постигна пет гола и еднаш асистираше.
Меѓутоа, светскиот шампион од Светското првенство 2022 стана првиот играч во историјата на лигата кој постигнал хет-трик и асистирал, влегувајќи од клупата за резерви. Дополнително, Меси стана најдобар стрелец во историјата на Интер Мајами, постигнувајќи 33 гола за клубот и надминувајќи го еквадорскиот напаѓач Леонардо Кампања, кој има 32 гола.
Интер Мајами заврши како шампион во регуларната сезона на Источната конференција со 74 бода, со што си обезбеди директен пласман во осминафиналето на плејофот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski