Лионел Меси најверојатно повеќе нема да игра за Пари Сен Жермен, тврди „Л’Екип“. Аргентинецот се налути на раководството на клубот поради тоа што доби двонеделна суспензија по патувањето во Саудиска Арабија на промотивен ангажман.
ПСЖ веќе одлучи да не го продолжи договорот со Меси, а и тој нема желба да остане на „Паркот на принцовите“ по завршувањето на сезоната. Светскиот шампион дури планира воопшто да не се појави на теренот во преостанатите натпревари за да се поштеди од свирежите на навивачите.
Од „Л’Екип“ потенцираат дека во оваа фаза нема преговори меѓу двете страни за предвремен раскин на договорот.
Во исто време, Меси е подготвен да направи огромни финансиски отстапки за да се врати во Барселона. 35-годишниот ас се согласува да добива само 10 милиони евра по сезона, што би го олеснило управувањето на Каталонците.
Ако Барса сè уште не може да најде средства да си дозволи да го ангажира Меси, негови опции се Ал-Хилал од Саудиска Арабија и Интер Мајами од САД. Според последните информации, Ал-Хилал веќе дале конкретна понуда, тригодишен договор и фантастични 540 милиони евра заработка за Аргентинецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













