Connect with us

Меси до Левандовски: Лани ја заслужи твојата „Златна топка“

Аргентинскиот генијалец Лионел Меси по седми пат е добитник на наградата „Златна топка“ за најдобар светски фудбалер. Тој во изборот го победи Роберт Левандовски, напаѓачот на Баерн Минхен и полски репрезентативец, а на јавната сцена му оддаде признание дека лани навистина заслужи да го добие ова признание. За жал, поради глобалната ситуација со коронавирусот, лани оваа церемонија на „Франс Фудбал“ не се одржа.

„Ти лани ја заслужи твојата „Златна топка“, во тоа сите сме согласни“, рече Меси, обраќајќи му се на Роберт Левандовски.

„Би сакал да им се заблагодарам за помошта на сите мои соиграчи од Барселона, ПСЖ и од Аргентина. Во оваа награда имаат голем удел“, потенцираше Лионел Меси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови