
Шкупи гостува на Националната арена „Тодор Проески“ и ќе ги одмери силите со Вардар во еден од најинтересните дуели од 14.коло во Првата фудбалска лига. Големите ривали оваа сезона се подалеку од битката за врвот, Шкупи во средината на табелата, а Вардар е последнопласиран.
Сепак, тоа според фудбалерот на Шкупи, Флоријан Кадриу, нема да биде решавачко за освојување на бодовите на денешната пресметка.
„Дуелите со Вардар секогаш се големи и ние сакаме да го дадеме максимумот, да победиме… Тоа е вистинско дерби, не е важно кој каде е на табелата, секогаш постои интерес во јавноста, желба за надигрување и за победа. „Шверцери“ сакаат само победа, ќе дадеме сѐ од себе за да им ја исполниме желбата и се надевам дека на крајот заедно ќе славиме. Секој меч носи притисок, но кога играте против Вардар тој притисок е уште поголем, сите го чувствуваме тоа. Добро трениравме во последните денови, го анализиравме противникот, знаеме се за нив. Ќе влеземе во мечот како вистински борци, за да стигнеме до максимумот на ова дерби“, изјави Кадриу за веб-сајтот на Шкупи.
Шкупи е без пораз на последните шест натпревари со Вардар, а на последните пет дуели на скопските ривали Шкупи има пет победи со импресивна гол-разлика 11-0.
Дербито се игра во Струга каде шампионот Струга ТЛ го пречекува лидерот на табелата, Работнички.
Фудбалерот за врска на „романтичарите“, Теодор Николовски, верува дека Работнички ќе остане лидер и по ова коло, а за тоа е потребен триумф против стружани.
„Нѐ очекува нов голем предизвик, гостување кај шампионот Струга Трим Лум. Тие имаат одличен тим и заслужуваат респект, но и ние со голема самодоверба патуваме во Струга. Ќе биде тоа еден тежок натпревар и сигурно дека ќе одлучуваат нијанси. Ние сме подготвени за надигрување и веруваме дека и по ова коло ќе останеме лидери на табелата во Првата лига“, вели Николовски.
Шкендија на домашен терен ја пречекува Брера и се надева со триумф може да го преземе врвот, а Силекс исто така пред своите гледачи е домаќин на Пелистер.
Гостивар е голем фаворит на дуелот против Воска Спорт, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Тиквеш во Кавадарци ќе се обиде да ја прекине лошата серија и по подолг период да оствари победа во шампионатот.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 14.КОЛО (денеска, 13 часот)
СТРУГА ТЛ – РАБОТНИЧКИ
ВАРДАР – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – БРЕРА
ГОСТИВАР – ВОСКА СПОРТ
СИЛЕКС – ПЕЛИСТЕР
ТИКВЕШ – БЕСА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера
