
Ѕвездата на Аргентина и на Пари Сен Жермен, Лионел Меси, не преговара за трансфер во американскиот клуб Интер Мајами, објави портпаролот на фудбалерот Марсело Мендеш. Вчера британското издание „Тајмс“ објави дека седумкратниот освојувач на „Златната топка“ е се поблиску до изненадувачки трансфер во клубот на Дејвид Бекам и од следната сезона ќе игра во МЛС – лигата на САД.
35-годишниот фудбалер мометно е во Катар со селекцијата на Аргентина во остварување на својот сон да стане светски шампион.
„Ова не е вистина, лажни вести. Нема преговори Лионел да премине во Интер Мајами“, изјави Мендеш за „Си-Ен-Ен“.
Според различни извори, главни фаворити за потписот на Меси, чиј договор со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, се Барселона и Интер Мајами. И парижаните се решени да направат се за да ја задржат големата ѕвезда на светскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal