
Лионел Меси побарал од раководството на Интер Мајами да продолжи со засилување на тимот, а шпанските медиуми пишуваат дека побарал да биде доведе Иван Ракитиќ во клубот. Поранешниот хрватски репрезентативец со години делеше соблекувална со Меси во Барселона, а желбата на Аргентинецот е тоа да продолжи и во МЛС-лигата.
Откако Меси пристигна во Интер Мајами, потоа пристигнаа и Серхио Бускетс и Жорди Алба, а сѐ почесто се пишува дека наскоро ќе им се приклучи и Луис Суарез. Меси, имено, инсистира на што повеќе поранешни соиграчи од Барселона.
Неговиот следен избор е Ракитиќ и за тоа веќе го известил Дејвид Бекам, еден од косопствениците на клубот.
Ракитиќ е под договор со Севилја само до крајот на сезоната, а шпанскиот клуб сака да му ја намали и платата. Ова укажува на можно заминување на Ракитиќ во блиска иднина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
