Connect with us

Мендилибар: Сити е европски шампион, но можеме да ги изненадиме

Тренерот на Севилја, Хозе Луис Мендилибар, се надева дека неговиот тим може да го изненади европскиот првак Манчестер Сити на утрешниот дуел од Суперкупот на УЕФА во Атина.


„Сакам да имаме идентитет како тим, без разлика кој ни е противник. Мора да бидеме доволно храбри да не ги изневериме нашите принципи. Ако смениме нешто, голема е веројатноста дека ќе грешиме“, изјави Мендилибар.

Манчестер Сити ќе го нема Кевин де Бруин, но Гвардиола има на располагање врвни фудбалери. Сепак, Арсенал ги доби во „Комјунити Шилд“.

„Почетокот на сезоната дојде прерано и секако дека им отежнува на сите тимови бидејќи изборот продолжува и составите не се комплетирани. Сепак, играчите се возбудени за претстојниот натпревар и се амбициозни да покажат што можат. Овој натпревар нема да има ништо заедничко со претходните на кои се соочив со Гвардиола. Ова е финале и верувам дека можеме да го добиеме. Арсенал имаше полош рекорд против Манчестер Сити отколку јас против Пеп, но ги победи за Комјунити Шилд. Ако сме доволно смели, имаме шанса“, истана тренерот на Севилја.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови