
Тренерот на Севилја, Хозе Луис Мендилибар, беше на „седмо небо“ откако го совлада Јувентус со 2-1 во реваншот од полуфиналето во Лига Европа. Така, Шпанците ќе играат по седми пат во финалето на своето омилено натпреварување. Овојпат, сепак, не беа ставени меѓу првите фаворити и тоа го прави нивното достигнување многу поимпресивно.
„Нашата цел беше да се претставиме што е можно подобро и засега сѐ оди според планот. Елиминиравме два големи тима како Манчестер Јунајтед и Јувентус и во Будимпешта ќе се сретнеме со друг голем тим, со голем тренер. Никој не очекуваше да направиме вакво нешто, но го направивме тоа. Одигравме многу силни натпревари, особено на домашен терен и заслужуваме да бидеме во финалето“, изјави Мендилибар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Избувна пожар во домот на Винисиус Жуниор
