
Вулверхемптон на утрешниот натпревар против Челси ќе биде без својот менаџер Бруно Лаге. 45-годишниот Португалец е позитивен на коронавирус, објави клубот.
Тој ја пропушти и денешната прес-конференција на која го замени тренерот на голманите, Тони Робертс.
Бруно Лаге се чувствува добро физички и ги водел последните тренинзи на тимот од далечина.
„Волците“ се во серија од три последоватни порази и се на прагот да ги загубат шансите за настап во Европа следната сезона. Тие заостануваат три бода зад седмиот Вест Хем, но одиграа натпревар помалку. Сепак, нивниот распоред до крајот на сезоната е многу тежок.
По утрешното гостување на „Стемфорд Бриџ“, следната недела ќе му гостуваат на Манчестер Сити, а во последното коло му одат на Ливерпул на „Енфилд“.
Bruno Lage will miss this weekend's trip to Chelsea after testing positive for Covid-19.
— Wolves (@Wolves) May 6, 2022
Wishing our head coach a swift return! pic.twitter.com/e72od8pjR0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski