Менаџерот на Ипсвич, Киран Меккена е изненадувачкото име кое шефовите на англискиот фудбал го разгледуваат како потенцијален наследник на Герет Саутгејт за селекторската позиција. Според медиумите на Островот, 38-годишниот стратег од Северна Ирска, кој пред да потпише нов договор со Ипсвич беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, Челси и Брајтон, е фаворит на техничкиот директор на ФА, Џон Макдермот.
Тој е последниот кој го филтрира списокот со кандидатите за селекторската позиција и се чини дека ќе има една од клучните улоги при донесувањето на конечната одлука.
Двајцата се познаваат од Тотенхем, каде што пред некое време Меккена го водеше тимот до 18 години.
Другите тројца основни кандидати за позицијата моментно се менаџерот на Њукасл, Еди Хау, Грем Потер, кој сè уште е без работа по отпуштањето од Челси, и селекторот на тимот на Англија до 21 година, Ли Карсли. Последниот може првично да ја преземе работата привремено, ако ФА не избере постојан селектор до 7 септември, кога е следниот натпревар на Англија.
Постојат и тројца странци кои исто така се поврзуваат со позицијата. Тоа се Маурисио Почетино, Томас Тухел и Јоаким Лев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













