Наполи потешко од очекуваното ја совлада Монца со 0-1 во натпревар од 33. коло во Серија А, со што останува во трката за титулата.
И покрај фаворитската улога, избраниците на Антонио Конте не успеаја да го наметнат својот ритам во првото полувреме, кое заврши без голови. Монца беше организирана, компактна и дури имаше две добри шанси на почетокот од вториот дел.
Наполитанците делуваа безидејно во нападот сè до 72. минута, кога Скот Мектоминеј погоди по убава акција и донесе три клучни бода за својот тим. Тоа беше единствениот погодок на мечот и доволен за минимална победа.
Со овој триумф, Наполи се израмни со Интер на врвот на табелата – и двете екипи имаат по 71 бод, иако „нераѕурите“ имаат натпревар помалку, гостуваат кај Болоња. До крајот на сезоната остануваат уште пет кола, а трката за „скудетото“ влегува во драматична завршница.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













