Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Мејсон Маунт, се врати на тимските тренинзи. Англичанецот нема играно од победата над Лутон на 11 ноември кога заработи повреда. Се очекува тој да се врати на терените во јануари.
Минатата недела тоа веќе го навести менаџерот на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг, кој изјави дека ги очекува и Кашемиро и Лисандро Мартинез.
Мејсон Маунт објави фотографија на социјалните мрежи на која тренира индивидуално со топка во базата во Картингтон, а поранешниот играч на Челси додаде дека едвај чека да им се придружи на останатите соиграчи.
Маунт оствари само една асистенција во 12 натпревари за Манчестер Јунајтед во досегашниот тек од сезоната и допрва треба да постигне гол за „црвените ѓаволи“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













