Озлогласениот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, е ослободен со кауција, објави „Би-Би-Си“. Тој беше уапсен пред четири дена под обвинение дека ги прекршил условите од неговата претходна кауција во очекување на судењето. Напаѓачот е обвинет за обид за силување, нанесување телесни повреди и контролирачко и присилно однесување. Предмет на сите овие постапки на фудбалерот е неговата поранешна девојка.
Се верува дека наводните дела се случиле меѓу 1 декември 2018 година и 15 октомври 2022 година.
Случајот против него продолжува, а пред неколку дена се појави на уште едно рочиште.
Под неговата сегашна состојба со кауција, Гринвуд не смее да контактира со сведоците, вклучително и со неговата поранешна девојка, и да живее во својот дом во областа Боуден во Манчестер.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед беше уапсен во јануари и помина три дена во притвор пред да биде пуштен со кауција. Оттогаш, напаѓачот чека да ја дознае својата судбина. Тој е суспендиран од „црвените ѓаволи“ од тренинзи, а исто така доби забрана за посета на базата на клубот. И покрај ова, клубот продолжува да му плаќа плата од 75.000 фунти неделно.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal