Шпанскиот гигант Реал Мадрид се подготвува за најголемиот проект во историјата. Во 2022 година, претседателот Флорентино Перез има испланирано меѓу „кралевите“ да пристигнат Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Тоа дефинитивно би бил најсмртоносниот напаѓачки тандем за идната деценија.
Овој мегапроект на Реал Мадрид би чинел околу 800 милиони евра. Шпанските новинари пресметале колку би можел вкупно да плати Реал за да ги добие двајцата напаѓачи.
Нејмар во 2018 година прејде во ПСЖ за 222 милиони евра и за четиригодишен договор кој ПСЖ го чини 225 милиони евра. Но, проектот на Перез ќе биде многу поскап.
Мбапе и Халанд би потпишале договори со Реал Мадруд на шест години, што би значело дека Халанд би го чинел Реал над 400 милиони евра во тој период ако се соберат сумите од отштетата, плата и фактот дека Реал плаќа 49% данок на таа плата.
Мбапе исто така би чинел над 400 милиони евра иако ќе дојде како слободен агент. Французинот би бил најплатениот играч на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal