
Ливерпул и Манчестер Сити ќе се соочат во мега дербито од 28. коло во англиската Премиер лига. Дуелот почнува од 16.30 часот на „Енфилд Роуд“.
Двата тима, кои несомнено се најсилните во англиската елита во последните неколку сезони, ја имаат можеби клучната пресметка за титулата. „Црвените се второпласирани на табелата, додека Сити е трет. Синоќа на првата позиција дојде третиот тим вклучен во титулата, Арсенал, по победата над Брентфорд.
„Граѓаните“ влегуваат со сѐ што е најдобро за тешкото гостување на „Енфилд“. Кевин де Бруин и Ерлинг Халанд се вратија од повредите, но Норвежанецот постепено ја наоѓа својата најдобра форма, а Де Бруин имаше неколку клучни асистенции на неодамнешните натпревари на тимот.
Не треба да се занемари ниту формата на Фил Фоден, кој беше опсипан со суперлативи од менаџерот Пеп Гвардиола по победата од 3-1 во градското дерби над Манчестер Јунајтед, кога англискиот репрезентативец постигна два од трите гола и помогна да се сврти резултатот против „црвените ѓаволи“.
На другата страна Ливерпул е растргнат од кадровски проблеми, но домаќините сепак ќе се потпрат на Мохамед Салах, кој одигра 20 минути на гостувањето кај Спарта Прага во првиот осминафинален меч во Лигата на Европа.
Враќањето на египетскиот стрелец кај „црвените“ е една од ретките добри вести за Јирген Клоп во последно време. Тимот и понатаму не може да се потпре на Алисон Бекрр и на Трент Александер-Арнолд, кои се во „аут“ до крајот на месецот.
Сепак, Доминик Шобошлаи го следеше Салах и исто така се врати против Спарта Прага, а младите од „Мерсисајд“ импресионираа со нивните зрели игри и многу му помогнаа на тимот во овој тежок период.
Ливерпул ја продолжува борбата на три фронта, откако веќе го освои Лига купот. Ќе игра во четвртфиналето на ФА Купот против Манчестер Јунајтед, е во Лига Европа е меѓу главните претенденти за трофејот. Се разбира, во сериозна трка е и за шампионската титула во Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср со 85 милиони евра по Габриел Мартинели

Евро-фудбал
ПСЖ намириса „одмазда“ и тргнува по Родриго

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици
