Connect with us

Мечот во Атина одложен, на Динамо Загреб му се заканува и исфрлување од Европа (ВИДЕО)

Еден навивач е убиен, десетина се повредени, а стотина се уапсени по синоќешната страшна тепачка во Атина меѓу навивачите на АЕК и на Динамо Загреб. Мечот кој требаше да се одигра вечерва е одложен, а на хрватскиот клуб можеби му се заканува и исфрлување од Европа. Сепак, за тоа ќе решава УЕФА во наредните денови.

Грчкиот навивач (29) бил избоден со нож и починал во болница, каде лекарите се бореле за неговиот живот. Според неколку грчки медиуми, уапсени се 96 лица, од кои 82 Хрвати.


Претставниците на АЕК гневни го напуштиле утринскиот состанок со УЕФА на кој остро го обвиниле

Динамо и полицијата, јавуваат грчките медиуми. Директорот на АЕК, Јоргос Космас, изјави дека „незамисливо е тој да биде на истото место и да разговара со луѓе од загрепскиот клуб кои знаеле за конвојот на нивните навивачи, кој дошол и покрај забраната на УЕФА“ и додаде дека „не известиле никого од Динамо за навивачите веќе кажаа 30-тина што купиле билети“.

Космас како одговорни за инцидентот ги повикал Динамо и полицијата.

„Знаеја се и дозволија тоа да се случи. Би било незамисливо, непристојно и неморално да се игра игра по убиството на навивач“, додаде директорот на АЕК.

Да потсетиме, УЕФА пред неколку дена го забрани доаѓањето на гостински навивачи во Грција и Хрватска поради страв од нереди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови