Connect with us

Мбапе поставил огромни услови за да потпише за Реал Мадрид

Француската ѕвезда Килијан Мбапе постави сериозни услови за да се согласи на преселба во Реал Мадрид.


„Ел Ларгеро“ пишува дека 25-годишниот напаѓач на Пари Сен Жермен сака плата од 50 милиони евра годишно и бонус од 120 милиони евра при потпишување на договор. Во оваа фаза Мбапе се уште нема договорено такви услови со раководството на 14-кратниот европски клупски шампион.

На 5 февруари шпанските медиуми објавија дека францускиот интернационалец ќе потпише шестгодишен договор со мадридскиот клуб со надомест од 32 милиони евра годишно по оданочување. „Кралевите“ ќе му платат на играчот бонус од 100 милиони евра.

Мбапе за францускиот шампион настапува од август 2017 година. Во сезоната 2023/24, напаѓачот постигна 29 гола и забележа седум асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања.

Голгетерот на Пари Сен Жермен е проценет на 180 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови