Connect with us

Мбапе погоди во триумфот на ПСЖ и стана најдобар голгетер на клубот во историјата (ВИДЕО)

Килијан Мбапе е нов крал на стрелците во Париз. Тој го постигна 201. гол за „светците“ и стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ, кој вечерва славеше со 4-2 против Нант на домашен терен.


Лео Меси го отвори резултатот во 12.минута, а Хаџам пет минути подоцна си постигна автогол.

Сепак, Нант преку Блас и Ганаго успеа да израмни на 2-2 до полувремето.

Данило Переира во 60.минута постигна трет погодок за ПСЖ, а Килијан Мбапе го потврди триумфот во судиското продолжение.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови