
Килијан Мбапе, најдобриот француски фудбалер и еден од најдобрите играчи во светот, нема да игра во второто коло на ЕВРО 2024 против Холандија, пишуваат дел од француските медиуми. Мбапе синоќа го повреди носот пред самиот крај на натпреварот од првото коло во групата Д, во кој неговата Франција ја победи Австрија со 1-0.
Мбапе жестоко удри со лицето во рамото на противничкиот играч Дансо и при тоа сериозно го повреди носот. Со многу крв и скршен нос, Мбапе мораше да го напушти теренот.
Од Француската фудбалска федерација денеска соопштија дека Мбапе нема да се подложи на оперативен зафат за време на ЕВРО 2024, туку дека ќе добие заштитна маска и ќе продолжи да игра.
„Канал Плус“ објави дека Мбапе нема да игра во натпреварот од второто коло против Холандија, кој е закажан за в петок, и дека неговото враќање на теренот се очекува во натпреварот од третото коло против Полска. Тој натпревар е закажан точно за седум дена, следниот вторник.
Францускиот „Л’Екип“ досега не пишуваше за тоа кога Мбапе ќе се врати на терените и според тој извор, сè уште е можно да настапи во дерби натпреварот во групата Д, дуелот против Холанѓаните, кој е закажан за в петок, 21 јуни, со почеток во 21 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
