Connect with us

Мбапе на вечера кај Макрон му кажал в лице и на емирот на Катар: „Решив да ги променам работите…“ (ВИДЕО)

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе вечерва ја имаше честа да вечера со францускиот претседател Емануел Макрон. Денеска беше еден од најважните денови за ПСЖ, за Франција и за Катар, бидејќи Килијан Мбапе дојде на вечера со Макрон и емирот на Катар, во последниот обид да се смени одлуката на францускиот напаѓач и да одлучи да остане во Париз, иако тој претходно најави дека заминува на крајот на сезоната, очигледно во Реал Мадрид.


Покрај Макрон, на вечерата беа и емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани и претседателот на ПСЖ, Насер Ал Хелаифи, а Мбапе беше единствениот играч на ПСЖ.

Покрај неговото пристигнување на вечерата, беше објавен и поздравот на Килијан со Макрон и со емирот од Катар. Не требаше долго видеото да стане вирално, бидејќи многумина се прашуваат какви зборови беа разменети при поздравувањето.

Во резиденцијата на претседателот на Франција воопшто не се разговарало за иднината на Мбапе, туку тоа едноставно била средба на која се разговарало за позицијата на Франција во палестинско-израелската војна.

Мбапе немаше многу време да зборува за својата одлука, но, сепак, имал кус разговор со катарскиот емир.

„Се чувствувам посмирено ако ви кажам в лице, решив да ги променам работите, се надевам дека ќе разберете…“, наводно рекол Мбапе, потсетувајќи дека претходно директно му кажал на Ал-Келаифи дека нема да остане во клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови