Connect with us

Мбапе на лето прави трансфер во Манчестер Јунајтед, ако катарските шеици го купат клубот

Килијан Мбапе би можел да го промени клубот на лето и тоа на иницијатива на сопствениците на ПСЖ. Имено, катарските шеици се подготвуваат да го купат Манчестер Јунајтед бидејќи сметаат дека со ПСЖ не можат да ги исполнат сите цели кои си ги поставиле. Веднаш по купувањето на клубот сакаат да го доведат Мбапе, пренесуваат голем број англиски и француски медиуми.


Катарците планираат да го купат Јунајтед и да го назначат Антеро Енрике за директор, чија задача би била да го убеди Килијан Мбапе да замине во Англија, а не во Реал Мадрид.

Мбапе заработува 6 милиони евра месечно во ПСЖ, а Јунајтед со помош на парите од Катар исто така би можел да му ги понудите тие услови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови