
Суперѕвездата на Пари Сен Жермен и на Франција, Килијан Мбапе, разговараше со новинарите пред натпреварот на „петлите“ против Гибралтар од квалификациите за ЕП 2024. Логично, сепак, фокусот беше најмногу на иднината на фудбалерот, откако неодамна со писмо до својот клуб објави дека нема намера да го продолжи договорот со парижаните до 2025 година.
„Во моментов имам само една опција – да останам во ПСЖ. Планирам да бидам таму кога ќе почне сезоната. Не знаев дека писмото може да убие некого. Тоа е само писмо. Не ми е грижа за реакциите“, започна Мбапе.
„Навикнат сум на тоа уште од многу млад. Мојата прва грижа е натпреварот со Гибралтар. Она што се случува надвор од дома е во втор план. Она што ми е важно е да победиме. Вревата однадвор нема да ме натера да побегнам од одговорноста“, продолжи францускиот талент.
„Немам што да објаснувам за мојата одлука. Луѓето можат да зборуваат и јас знам зошто го правам тоа што го правам и зошто го кажувам тоа што го кажувам. Луѓето ги немаат сите информации“, додаде тој.
Мбапе дури ја коментираше и интервенцијата на францускиот претседател Емануел Макрон во случајот.
„Влијанието на Макрон врз мојата кариера? Нема влијание. Никакво. Тој сака да останам и јас планирам да останам. Затоа мислам дека се согласуваме“, заврши Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
