
Килијан Мбапе на лето би требало да стане играч на Реал Мадрид. Како што пренесуваат сите релевантни светски медиуми, 25-годишниот Мбапе договорил сѐ со „кралскиот клуб“ и наводно веќе го потпишал договорот.
Французинот во Реал би требало да заработува околу 20 милиони евра по сезона. Исто толку имаат и актуелните најголеми ѕвезди на Реал, а тоа се Џуд Белингам и Винисиус Жуниор.
Шпанскиот медиум „ОК Диарио“ денеска објави дека Реал не е единствениот клуб кој се обидел да го доведе Мбапе. Манчестер Јунајтед кој, како што пишуваат Шпанците, на иницијатива на новиот ко-сопственик Џим Ретклиф му доставил на Мбапе неверојатна понуда од 700 милиони евра.
Милијардерот сакаше Манчестер Јунајтед да му понуди на 25-годишниот напаѓач петгодишен договор со плата од 100 милиони евра годишно, а по потпишувањето да добие бонус од 200 милиони евра, што значи дека ќе заработи 700 милиони евра во текот на петгодишниот договор.
Сепак, Мбапе ја отфрлил најголемата понуда во историјата на фудбалот. Заинтересиран е само за трансфер во Реал Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
