Connect with us

ЛШ: Мбапе го реши Баерн Минхен, Челси го надигра Порто (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен оствари капитална предност на „Алијанц арена“ славејќи против европскиот првак Баерн Минхен со 2-3 во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Тоа е прв пораз за Ханси Флик на меѓународна сцена со баварскиот тим. Килијан Мбапе со два гола го донесе триумфот на „светците“. Погоди во третата минута за водство, а Маркињос зголеми на 0-2 во 28.минута.

Чупо Мотинг намали пред крајот на првиот дел, а Томас Милер го израмни резултатот на 2-2 во 60.минута. Сепак, Килијан Мбапе осум минути подоцна постигна уште еден погодок за триумф на Пари Сен Жермен.

Челси славеше со 0-2 против Порто во Севилја. Мејсон Маунт во 32.минута донесе предност, а Бен Чилвел во 85.минута го постави конечниот резултат.

Реваншите се играат за шест дена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови