
Килијан Мбапе доби дозвола од лекарите да игра во финалето на Интерконтиненталниот куп на ФИФА. Оваа вест донесе голем оптимизам во редовите на „кралевите“, кои оваа есен се соочуваат со бројни повреди.
Според „Марка“, напаѓачот на Реал Мадрид целосно се опоравил од повредата што ја заработи за време на натпреварот против Аталанта (2-3) во шестото коло од Лигата на шампионите. Состојбата на Мбапе била детално анализирана од медицинскиот и тренерскиот тим, по што Французинот добил зелено светло за настап на утрешниот натпревар против мексиканскиот тим Пачука.
Мбапе вложил големи напори за да биде подготвен за финалето, ангажирајќи личен остеопат и физиотерапевт.
Не е исклучено Мбапе да се најде и во стартниот состав на Реал Мадрид. Карло Анчелоти и неговиот стручен штаб ќе донесат конечна одлука по завршувањето на последниот тренинг пред натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
