Connect with us

Мбапе: Дали вредам 180 милиони евра? Тие пари нема да завршат во мојот џеб

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе можеби ќе го напушти Пари Сен Жермен во летниот преоден рок, а најблиску до негов ангажман е Реал Мадрид. Иако влегува во последната година од актуелниот договор со „светците“, парискиот клуб за него бара отштета од фантастични 180 милиони евра.

Мбапе има одговор на ова прашање.

„Дали вредам 180 милиони евра? Знам дека мојата вредност на пазарот е висока, но не сум јас виновен за тоа, фудбалот одамна функционира на таков начин. Тие пари не ми влегуваат в џеб и цената останува во сферата на преговорите на клубовите. Сè што сакам е да бидам фокусиран на фудбалот“, изјави Килијан Мбапе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови