
Килијан Мбапе за првпат во кариерата постигна 5 гола на еден натпревар. Ѕвездата на Пари Сен Жермен беше немилосрден против аматерскиот тим Пеј де Касел во осминафиналето на Купот на Франција. Парижаните го дотолчија својот немоќен противник со 7-0, а останатите голови за тимот на Кристоф Галтие беа дело на Нејмар и на Карлос Солер.
За Мбапе, ноќта беше навистина посебна бидејќи никогаш претходно не го водел ПСЖ со капитенската лента. Напаѓачот комплетираше хет-трик на само 11 минути пред паузата, а во 79. минута го постигна својот петти гол на натпреварот, со што стана првиот играч во историјата на францускиот гигант со пет гола на официјален натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal