
Тренерот на Лацио, Маурицио Сари ги нападна раководните тела поради пренатрупаниот распоред пред домашниот натпревар против Интер. “Орлите” го пречекуваат актуелниот шампион во првиот натпревар по меѓународната пауза, но, Сари не е задоволен од списокот на натпревари, тврдејќи дека е премногу тежок за играчите.
“Трениравме две недели во намалени редови, тешко е да се процени кој ќе може да игра. Ова е моменталната состојба на фудбалот, можеби веќе не ми припаѓа мене. Секој месец играме седум натпревари во 19 дена, а потоа сме 11 дена без играчи”, рече Сари на денешната прес-конференција.
“Во пракса, тие тренираат повеќе во репрезентацијата отколку со клубот. Фудбалот не е веќе спорт, туку шоу каде се обидуваат да се исцедат што е можно повеќе пари. Можеби сум премногу стар за сето ова”.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
