Connect with us

Матјаж Кек го напушта кормилото на Словенија?

Фудбалската репрезентација на Словенија загубија од Хрватска во Сплит со 3-0 во квалификациите за СП 2022, а по ова, селекторот Матјаж Кек е пред смена. Во овој циклус на „дежелата“ не и оди најдобро, а цехот може да го плати токму словенечкиот селектор.


„Дали се плашам од смена? Се плашам само од болести. Вакви работи се случуваат во фудбалот, нема што да се крие. Ќе зборуваме отворено за се што треба во наредните неколку дена”, изјави Кек, кој е подготвен за разговор со раководството на Фудбалската федерација на Словенија.

По шест одиграни кола, Словенците имаат седум бода во Х групата, шест помалку од Хрватска и од Русија и се далеку од втората позиција која носи евентуален бараж за пласман на СП.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови