Жоел Матип и Тијаго Алкантара го напуштаат Ливерпул на крајот од актуелната сезона, официјално соопштија од клубот од „Енфилд“.
Договорот на 32-годишниот централен дефанзивец истекува ова лето и клубот нема да му понуди нов договор. Матип во декември заработи тешка повреда на коленото, поради што го пропушти остатокот од сезоната. Тоа значи дека неговиот последен натпревар со „црвените“ беше победата од 4-3 над Фулам. За осум сезони во клубот, тој одигра 201 натпревар, постигна 11 гола и освои седум пехари, вклучувајќи ги и трофеите во Лигата на шампионите и во Премиер – лигата.
Тијаго Алкантара помина четири сезони во Ливерпул. Тој пристигна во септември 2020 година од Баерн Минхен, но бидејќи го мачеа постојаните повреди, особено во последните две сезони, одигра само 98 натпревари, постигнувајќи шест гола. Шпанецот го освои ФА Купот и Комјунити Шилд со „црвените“. Неговиот договор исто така истекува и нема да биде обновен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













