Connect with us

Матијс де Лихт се врати на тренинзите на Баерн Минхен

Дефанзивецот на Баерн, Матијс де Лихт, се врати на тренинзите со тимот на Баерн, официјално соопштија од клубот. Досега Холанѓанецот се подготвуваше самостојно, но од денеска веќе учествува на тимските тренинзи на Баварците.


Де Лихт ја заработи повредата на почетокот на ноември при поразот од 2-1 во Купот на Германија од третолигашот Сарбрикен и оттогаш нема играно.

Неговото враќање дефинитивно е добра вест за тренерот Томас Тухел. Холанѓанецот најверојатно нема да игра против Штутгарт викендов, но стручниот штаб се надева дека ќе биде достапен за последниот натпревар во годината – на гости кај Волфсбург следната среда.

Повредени во Баерн се и Кингсли Коман, Серж Гнабри, Нусаир Мазрауи и Буона Сар. Голманот Свен Улрих има лесна повреда на скочниот зглоб поради која не се најде во составот во победата против Манчестер Јунајтед од 0-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови