Легендата на Баерн Минхен и на Германија, Лотар Матеус, уште еднаш остро зборуваше против тренерот на Баварците, Томас Тухел, и процесите во клубот. Германскиот гигант загуби со 3-2 на гостувањето кај Хајденхајм откако по првото полувреме водеше со 0-2.
„Разочарувачкиот настап против Борусија Дортмунд и овој резултат доволно зборуваат. Томас Тухел повеќе не може да допре до тимот, тој одржува чудни прес-конференции и дава чудни изјави“, изјави Матеус за „Скај Германија“.
„Можам да замислам дека Баерн ќе реагира во следните 24 до 48 часа бидејќи тоа не може да продолжи. На тимот му треба нов импулс, а Томас Тухел повеќе не може да го обезбеди“, додаде легендарниот фудбалер.
Баварските директори Макс Еберл и Кристоф Фројнд најавија дека Тухел следната недела ќе го води Баерн Минхен против Арсенал во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













