Пресметката меѓу селекциите на Белгија и на Португалија е една од најинтересните меѓу осминафиналните двојки на Европското првенство. Белгија е еден од фаворитите за титулата, а Португалија е актуелен европски првак.
Роберто Мартинез вели дека Белгијците нема да прават посебен план за да го сопрат Кристијано Роналдо, кој е водечки стрелец на шампионатот со пет постигнати гола.
„Роналдо? Знаеме дека тој е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Тој го користи просторот, продира разновидно и има неверојатна завршница. Но, нема да користиме некоја посебна стратегија за да го сопреме. Имаме и ние одлични играчи, ќе играме по наш принцип, па Португалците нека мислат за нас. Ова е навистина посебна генерација на Белгија и мислам дека може да оди многу далеку на ова првенство“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.
Мечот меѓу Белгија и Португалија ќе се игра утревечер (21 часот) во Севилја.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













