Connect with us

Мартин Мирчевски потпиша за Академија Пандев

Македонскиот прволигаш Академија Пандев доведе квалитетно засилување во своите редови. Раководството на клубот успеа да се договори со Мартин Мирчевски кој потпиша договор на две сезони со “пандевци”.

Мартин Мирчевски минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на Вардар, но по испаѓањето во второлигашка конкуренција одлучи да замине и ја прифати понудата на Академија Пандев.

Во струмичкиот тим Мирчевски повторно ќе соработува со Александар Васоски. Наредните денови се очекуваат уште неколку нови имиња во редовите на Академија Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови