Connect with us

Марсијал останува во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед нема намера да го продаде Антонио Марсијал ова лето. Се шпекулираше дека францускиот офанзивец би можел да се најде на списокот по две сезони за заборав во дресот на „црвените ѓаволи“.


Сепак, на адресата на Јунајтед не пристигна ниту една примамлива понуда, па челниците решија да го задржат.


26-годишниот напаѓач е со тимот на турнејата низ Австралија и Тајланд и досега има постигнато три гола на трите пријателски натпревари.


Марсијал во Јунајтед пристигна во 2015 година од Монако за сума од околу 68 милиони евра и досега за англискиот гигант има одиграно 269 натпревари и постигнато 79 гола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови